Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија

Македонската машка одбојкарска репрезентација ја очекува пресметка пред полни трибини против домаќинот Бугарија на отворањето на Европското првенство, откако организаторите соопштија дека се преостанати уште мал број влезници за утрешниот натпревар во „Арена 8888“ во Софија.
Македонските одбојкари својот прв натпревар во рамки на групата Б ќе го одиграат утре со почетокот во 19 часот против Бугарија во „Арената 8888“ со капацитет од 12.373 седишта.
Во Софија ќе се одиграат сите натпревари од групата Б во која се и репрезентациите на Полска, Португалија, Украина и Израел.
За македонската репрезентација ова е четврто учество на континенталните турнири во низа, по настапите во 2019, 2021 и 2023 на кое дел од натпреварите се одиграа во Скопје.
На ЕП2026 ќе настапат вкупно 24 репрезентации поделени во четири групи кои ќе се играат во пет европски градови – група А: Наполи/Модена, група Б: Софија, група Ц : Тампере и група Д: Клуж.
Финалето ќе се игра на 26. септември во Милано.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
