-->
-->
Македонските одбојкари поразени од Данска
-->
Од планираните три, македонската одбојкарска репрезентација освои само еден бод на првиот од двата натпревара со Данска и значително си ги намали шансите за полуфинале во Европската лига.
Синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ во драматичен и неизвесен дуел Данците славеа со 3-2.
Гостите го освоија првиот сет со 29:27, следуваа два добри сета за избраниците на селекторот Жерко Ристоски и по 25:18 и 25:18 Македонија поведе со 2-1. Но, Данска повторно фати резултатски приклучок, го доби четвртиот сет со 25:22, а во решавачкиот скратен сет успеа да стигне до 18:16 за прва гостинска победа во дуелите со Македонија.
Денеска од 17:30 часот ќе се игра и вториот меч меѓу овие две репрезентации.
На другиот вчерашен натпревар од А-групата Австрија – Естонија 1-3.
Табела: Естонија 15 бодови, Полска 10, Австрија 8, Македонија 7, Данска 5, Израел 3.
Во полуфиналето одат двете првопласирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
