-->
-->
Македонските кошаркарки на мегдан против Шведска
-->
Женска кошаркарска репрезентација на Македонија, попладнево во Содерталје, против Шведска ќе го одигра вториот натпревар во рамки на првиот прозорец од евроквалификацискиот циклус.
Избраничките на селекторот Марјан Лазовски, вчера го одржаа единствениот тренинг пред денешниот дуел со Шведска, во кој македонските кошаркари со право се надеваат на триумф, особено по одличната игра која ја прикажаа на првиот меч во Скопје, каде тесно беа совладани од фаворизираната Италија,
Во тимот, како и досега, владее позитивна атмосфера која ќе придонесе за подигнување на самодовербата на кошаркарките пред мечот со Швеѓанките, кои во првото коло славеа триумф на гостувањето кај Хрватска (57-54)
Натпреварот ќе започне во 18:35 часот. Сите љубители на кошарката кои ќе сакаат да го проследат натпреварот ќе можат да го направат тоа преку YouTube каналот на ФИБА односно на следниот линк
ОВДЕ
Во вториот меч од оваа група (Х), ќе играат Италија и Хрватска (20.30 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес