-->
-->
Македонските кошаркарки ги почнуваат подготовките за евро-квалификациите
-->
Македонската женска кошаркарска репрезентација денес официјално ги започнува подготовките пред натпреварите од квалификациите за Европското првенство.
Репрезентативките ќе тренираат двапати на ден, во спортската сала „Јане Сандански“ каде впрочем ќе го одиграат и првиот натпревар од овој прв квалификациски прозорец, против Италија на 11 ноември.
Од скратениот список, селекторот Марјан Лазовски нема да може да смета на капитенот Јелена Антиќ, Ана Тантуровска и на Ивона Пејковска кои заработија незгодни повреди.
Заедно со селекторот Лазовски и неговиот асистент Стојна Вангеловска ќе работи и Златко Јанакиевски кој е одговорен за физичката подготвеност на кошаркарките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти