-->
-->
Македонските кошаркари поразени на гостувањето кај Бугарија
-->

Македонска кошаркарска репрезентација е поразена од Бугарија во пријателски натпревар одигран попладнево.
Нашата селекција која на овој меч против Бугарија настапи без капитенот Војдан Стојановски кој превентивно остана во Скопје, поради малата повреда на коленото, загуби со 96:74. Овојпат нашето најсилно оружје одбраната затаи, па 96-те примени кошеви сами по себе говорат каде треба да ги бараме причините за овој пораз.
Дуелот против Бугарија беше последна контрола за избраниците на селекторот Јорданчо Давитков пред стартот на предквалификациите за Светското првенство.
По ова македонските кошаркари се враќаат во Скопје, каде ќе ги одработат последните подготовки пред стартот на квалификациите за СП, и тоа на 2 август на гостувањето во Приштина.
Покрај селекцијата на Косово противник на Македонија во Мундијалските квалификаци ќе биде и репрезентацијата на Естонија
https://
.be
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
-

По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
