Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај.
Раководството на аеродромот ги советува патниците кои ќе патуваат во споменатите два дена да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет.
-На 15 и 16 мај Тирана ќе биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница, со учество на лидери од цела Европа. Поради безбедносни мерки и затворање на патишта се очекуваат застои и густ сообраќај. На патниците кои патуваат на овие датуми им се препорачува да планираат однапред и да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред летот, стои во известувањето.
На аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се 2.083.050 патници, или 9,1 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година кога имаше над 1,9 милиони патници.
Освен албански, услугите на аеродромот, во голем број, ги користат и македонските, косовските и црногорските граѓани. Минатата година над 120 илјади македонски државјани пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.
Ново на Сител
-
Ако уште еднаш му се повтори ќе биде разрешен, кажа Мицкоски за Идризи кој одби да одговори на македонски на новинарите
-
Мицкоски: Никогаш нема да го политизирам случајот во Кочани, ќе се постапува за секој што е одговорен
-
Убиени ученици и наставници во пукање во училиште во Грац, напаѓачот си го одзел животот
-
Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија
-
Над 12 000 инспекциски контроли, уништени околу 56 тони небезбедна храна
-
Приведени тројца тетовчани - пронајдени пиштол, стотици куршуми, дрога
-
Кривична за градоначалникот на Росоман - фалсификувал исправи, купувал алкохол, млечни и сувомеснати производи за домашна потрошувачка
-
Рама: Почнавме со подготовките за Самитот на НАТО