-->
-->
Македонските „баскетџии„ се пласираа на ЕП во „3х3„
-->

Македонската селекција на кошаркари до 18-години (Елвис Хот, Блажо Митков, Драган Узуновски и Борис Вчков) се пласира на Европскиот првенство во баскет 3-на-3.
На првиот од трите квафикациски турнири одржан викендов во Амстердам, нашата селекција во финалето ја победи Литванија со 16-12 и го освои првото место во конкуренција на девет репрезентации, на тој начин им се одмаздија на Литванците за поразот во групната фаза.
Кошаркарот на КК Феникс 2010 од Скопје, Елвис Хот, по натпреварот за ТВ Сител изјави: „Ова е големо искуство за нас. Првиот ден беше тешко, но денеска дадовме се од себе. игравме против екипи кои зад себе имаат веќе неколку заеднички настапи на големи турнири. Но, желбата и борбеноста на крајот се исплатеше. Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на претседателот на „3х3„ асоцијацијата на Македонија, г-динот Абдураим Бајрактар, кој ни беше голема поддршка овде во Амстердам. Ќе дадеме се од себе и на ЕП во Минск’’.
Ова е прв настап на нашите млади играчи на европската турнеа „3х3„ и веднаш со трофеј и тоа во конкуренција на девет земји: Андора, Белгија, Чешка, Германија, Литванија, Холандија, Русија и Велс.
Покрај, овој квалификациски турнир ќе се одиграат уште два, во Рим и Рига, а шеснаесетте најдобри селекции ќе играат на завршницата на Европскиот шампионат во Минск од 21 до 23 август.
Ова се комплетните резултати на Македонија на турнирот во Амстердам:
А група:
Македонија - Холандија 10-20,
Македонија - Велс 15-4,
Македонија - Литванија 13-18,
Македонија - Чешка 11-12
1/4 финале
Македонија - Германија 12-11
1/2 финале
Македонија - Белгија 12-9
Финале
МАКЕДОНИЈА - Литванија 16:12









-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
