Македонскиот полициски синдикат бара да престанат политичките борби во МВР
Македонскиот полициски синдикат денеска преку соопштение побара да престанат политичките борби кои одат на штета на Министерството за внатрешни работи и на довербата што граѓаните ја имаат во оваа институција.
-Изминативе месеци поминавме тежок и напорен период во кој се поставивме единствено во интерес на граѓаните и државата, онака како што доликува на припадници на Министерството за внатрешни работи. За жал борбата со КОВИД – 19 се уште не е завршена и нашата задача не е исполнета. Свесни сте дека во овој период на техничка Влада се соочивме со многу невообичаени и несекојдневни ситуации. Добро се сеќаваме на кризните ситуации кои за малку што не ескалираа а беа предизвикани од инсистирањето по секоја цена да се направат кадровски промени во министерството. Со наша помош и залагање ова се реши, се вели во соопштението.
Но, додаваат од Македонскиот полициски синдикат, тензиите не стивнаа и понатаму.
-Се направија кадровски промени на сите дисциплински комисии и тоа повторни без дијалог. Советници кои не припаѓаат на Бирото за јавна безбедност и се дел од политичките кабинети се појавуваат во организациски единици за кои не се надлежни и тоа создава збунетост кај вас. Токму во овие моменти на политички борби вие имате обврска да се издигнете над политиката и да не дозволите партиски влијанија да ве водат. Да не дозволиме оваа „техничка” ситуација во Министерството да ги наруши капацитетите и довербата која граѓаните ја имаат во македонската полиција, реагира Македонскиот полициски синдикат.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред