-->
-->
Македонски државјани од Словенија со уште еден конвој се враќаат дома
-->
Конвој со вкупно 50 македонски државјани доцна синоќа тргна од Словенија за Македонија, јави дописникот на МИА до Љубљана.
Во конвојот има 13 македонски државјани кои немале свои возила и 19 државјани со 11 возила. На нив им се придружија уште 19 македонски граѓани од Австрија кои исто така сакаат да се вратат дома. За лицата без автомобили беше обезбеден автобус. Сите тие поради коронавирусот и затворањето на границите беа затекнати во Словенија и Австрија.
И овој конвој го организираа Министерствата за надворешни работи на Македонија и Словенија, со директна асистенција на Амбасадата на Македонија во Словенија.
Според планот, сите граѓаните уште денеска ќе стигнат во нашата земја по што ќе бидат сместени во државен карантин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата