Македонската храна повторно на популарните светски интернет портали
Пробајте боза, ракија и вино, пинџур, макало, биено сирење и шкембе чорба, научете како се прават традиционални домашни пецива, наведува Интрепид травел во написот „Македонија: земја на питите, страста и изобилството“.
Авторите на оваа своевидна репортажа најпрво го пренесуваат искуството од престојот во Маврово и зборуваат за превкусните тиганици што домаќините им ги подготвиле за доручек. Воодушевени се и од мармаладот од сливи, ајварот, црвениот вранец,...
- Кога ќе седнете на софра, веднаш ви станува јасна поврзаноста на македонската кујна со земјоделството и локалното население. Пребогата е со зеленчук, најразлични бои и вкусови. Но, иако состојките во храната се типични за поднебјето, таа е микс од влијанијата на Балканот, Европа, Средниот Исток и Медитеранот, стои во написот.
Споделени се и гастро - доживувањата од посетата на Охрид, Јанче, како и од пчеларникот во Дихово. - Зачудувачки и во исто време охрабрувачки е фактот колку и каква се храна може да се произведува, забележуваат авторите во разговорите со своите домаќини.
Тие си заминале од Македонија со тегла ајвар, традиционално сирење и мало шише ракија. – И, така, додека уживате во преубавото чувство што со себе сте понеле дел од Македонија, ви станува јасно без што не смеете да се вратите следниот пат, без чифт пошироки, еластични панталони, заклучуваат авторите.
Целата статија, објавена завчера, може да се прочита на http://www.intrepidtravel.com/
Ново на Сител
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел