Македонија за првпат домаќин на Светското училишно првенство во ракомет

Главниот град на Македонија за првпат ќе биде домаќин на едно од најзначајните младински спортски натпреварувања Светското училишно првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 21 до 29 април, во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, под покровителство на Министерството за спорт.
Со овој престижен настан, главниот град ќе стане центар на светскиот младински ракомет, обединувајќи млади спортисти од повеќе земји, со цел промоција на спортските вредности, фер-плејот и меѓународното пријателство.
Свеченото отворање на првенството ќе се одржи на 21 април со почеток во 19:30 часот на Плоштад Македонија, каде ќе биде организирана богата културно-уметничка програма и дефиле на сите учесници и претставување на репрезентациите. Овој настан ќе го означи официјалниот старт на шампионатот кој ќе донесе вистинска спортска атмосфера во главниот град.
На првенството ќе учествуваат вкупно 23 машки и 16 женски екипи, односно 21 делегација од различни земји од светот, кои ќе се натпреваруваат во шест спортски сали во Скопје: СРЦ „Македонско сонце“, СРЦ „Архиепископ Доситеј“, СРЦ „Кочо Рацин“, СРЦ „Крсте Мисирков“ и СРЦ „Антон Димитров“, додека финалните натпревари, ќе се одиграат на 28 април во спортската сала „Расадник“ кога ќе се одржи и свеченото затворање на првенството. Со тоа ќе биде заокружен овој значаен спортски настан кој остава траен белег во развојот на училишниот спорт.
Во рамки на првенството, на 25 април ќе се одржи „Cultural Day“, ден посветен на културна размена, каде учесниците ќе имаат можност да се запознаат со нашето културно и историско наследство. Истата вечер ќе се реализира и „Nations Night“, настан на кој делегациите ќе ги претстават своите земји преку традиција, музика и гастрономија, поттикнувајќи пријателство и меѓусебно разбирање.
- Горди сме што Македонија ќе биде организатор на ова престижно првенство. Ракометот, како спорт со длабока традиција во Македонија, има посебно место во срцата на нашите граѓани и претставува значаен дел од нашиот спортски идентитет. Би сакала да упатам искрена благодарност Министерството за Спорт на Македонија за поддршката и до Светската федерација за училишен спорт за укажаната доверба. Македонија нема да биде само домаќин на спортско натпреварување, туку домаќин на младоста, енергијата и иднината на светот. На едно место се обединети млади спортисти од целиот свет, со различни јазици, култури и традиции, но со една заедничка вредност – љубовта кон спортот.“ – изјави претседателката на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска.
Организацијата на ваков настан носи значајни придобивки за државата, вклучувајќи ја промоцијата на Македонија како атрактивна спортска и туристичка дестинација.
Светското училишно првенство во ракомет Скопје 2026 не е само спортски настан, туку платформа за поврзување на младите од целиот свет, размена на култури и создавање нови пријателства преку спортот.
МИА
Ново на Сител
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
