Македонија учесник на Меѓународниот саем во Солун
Со присуство на министерот за информатички технологии, Дамјан Манчевски и со штанд на неколку компании, и Македонија учествува на 83-от Меѓународен саем во Солун.
Според дописничката на МИА од Атина, министерот Манчевски денес во рамки на саемот ќе има работен ручек со неговиот грчки колега Никос Папас, како и средби со претставници на грчки и американски компании.
Во текот на следната седмица, на саемот ќе присуствува и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска.
Македонија и оваа година со штанд, на кој излагаат неколку компании, е меѓу 20-те земји учеснички на саемот.
Според најавите, годинашниот Меѓународен саем во Солун ќе трае до 16 септември, а се очекува да биде најголем до сега, со 1.500 штандови од 20 земји. Процените, пак, се дека ќе го посетат над 290 илјади посетители.
Ново на Сител
-
Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра
-
АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати
-
Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е неосновано и опасен правосуден преседан, бараме ослободување
-
Сопственици на над 20 фиктивни компании уапсени во голема антикорупциска операција во Србија
-
Адвокатот на Видевски бара ослободителна пресуда, тврди дека обвинението не е докажано
-
Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
МААЕ: Во израелските напади се погодени два ирански погони за производство на центрифуги
-
И „Барбиките“ добиваат вештачка интелигенција