Македонија тагува: Во понеделник ќе бидат комеморацијата и погребот на Ванчо Петрушевски
Комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски кој почина вчера на 67 години, ќе се одржи во понеделник во 10 часот во неговиот матичен Драмски театар, изјавил за СДК в.д директорот на театарот, Сашо Тасевски.
Неговите посмртни останки ќе бидат изложени од 12 до 13 часот во капелата на Градските гробишта во Бутел, а потоа ќе биде погребот.
Петрушевски почина вчерана 67 години. Неофицијално, загинал од струен удар во неговата викендичка во Орешани, близу Драчево, каде живеел во летните месеци.
Петрушевски е роден на 19 април 1951 година во Скопје. Завршил Висока музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје, а во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.
Во матичниот Драмски театар се пензионираше во 2016 година, но беше активен на сцената и последниве години. Меѓу неговите последни улоги е во претставата „Буре барут“ во режија на Сашо Миленковски.
Петрушевски е познат по улогите во голем број на ТВ- емисии, радио драми, филмови, претстави, какo: Македонски народни приказни, „Хихирику“, „Ангели на отпад“, „Трст виа Скопје“, „Среќна Нова ‘ 49“, „Трето доба“, „Диво месо“, „Грев или Шприцер“, „Солунски патрдии“, „Опстанок“, „Пресуда“.
Петрушевски во богатата кариера ги има добиено наградите: „Димче Трајковски“ за епизодна улога на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски, најпопуларно ТВ лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година, награда за најдобро актерско остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“, награда на „Војдан Чернодрински“ за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Ковачевиќ, како и државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста во 2016 година.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
