Македонија има препознатлива игра која носи резултати
Македонската фудбалска репрезентација со оптимизам го очекува утрешниот натпревар против Ерменија, во Ереван, во рамките на четвртото коло на Лигата на Нации. Со три победи од толку одиграни натпревари Македонија е лидер во групата, а во пресрет на последните три меча потребен е само бод за да се потврди првото место и пласманот во полуфиналето во Д-дивизијата.
„Ние се подготвуваме за утрешниот натпревар, но знаеме дека Ерменците се добар национален тим. По поразот од Гибралтар веројатно ќе бидат лути да реагираат против нашата селекција. Многу далеку е Европското првенство и не мислиме на таа шанса. Во главата ни е само утрешниот натпревар и можноста да извојуваме позитивен резултат. Сите фудбалери се здрави и спремни и тоа ме радува. Нема да го потцениме противникот, верувам дека ќе бидат лути и мотивирани утревечер. Ова не е натпревар со ривалите во нашата група, туку со сите останати. Мора да размислуваме како да е 0-0 и дека имаме ист број на бодови со Ерменија. Само така можеме да извадиме максимум. Не смееме да ги потцениме, тоа би било погубно. Играчите и тактичката поставеност ни се познати, ќе одговориме на било која нивна формација”, изјави селекторот Игор Ангеловски на официјалната прес конференција пред натпреварот со Ерменија.
Натпреварот помеѓу Ерменија и Македонија, утре, ќе започне во 18 часот.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија