Македонија и Грција ќе реализираат 37 заеднички проекти
Македонија и Грција ќе реализираат 37 заеднички проекти во рамки на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка во износ од 36,2 милиони евра.
Тоа беше соопштено на Инфо денот за имплементаторите на проектите што се одржа денеска во хотелот „Сириус“ во Струмица.
Од вкупно предвидените средства за реализирање на проектите на Македонја ќе и припаднат 14 милиони евра, а ќе се имлементираат проекти од повеќе области значајни за граѓаните од двете страни на границата.
- Реализацијата на претходните прекугранични проекти ми дава за право да очекувам видливи резултати и од овој повик. Станува збор за проeкти кои носат отворање нови работни места, заедничко справување со ризици и катастрофи, подобрување на инфраструктурата, поквалитетни здравствени услуги во пограничните региони. Со заедничкото работење на овие проекти се зацврстува соработката помеѓу општините, граѓанскиот сектор, институциите од двете страни, рече Александрос Самарас, претставник на Управувачкиот орган од страна на Грција.
Проектите треба да се реализираат во наредните 18 месеци и да завршат во 2020 година.
Ново на Сител
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци, 51 санкционирани возачи на мотоцикли
-
Приведени возачи од Битола и ресенско, возеле со 1,87 и 1,86 промили алкохол во организмот
-
Без активно жариште пожарот на Кипар
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа