Македонија и Црна Гора го интензивираат туризмот
„Поттикнување на соработката во туризмот преку претставување на вкупните стопански потенцијали на Тиват“ е темата на денешниот бизнис форум што го организира Амбасадата на Црна Гора во Македонија во соработка со Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.
На форумот се очекува да стане збор и за воведувањето на авионската линија Скопје - Подгорица - Сараево.
- Целта на форумот е согласно Договорот за соработка во областа на туризмот меѓу Македонија и Црна Гора, кој е во примена осум години, да се поттикне пред се соработката во туризмот, но и во прехранбениот сектор кој директно и индиректно е поврзан со развојот на туризмот и угостителството. Ваквата активност треба да овозможи поголемо движење луѓе, стоки и услуги во двата правца, што како крајна цел ќе придонесе за зголемен обем на економската соработка меѓу Црна Гора и Република Македонија, зголемување на бројот туристи во двете насоки и развој на нови видови туристички производи, информираат од Комората.
На бизнис форумот ќе присуствуваат истакнати претставници од областа на угостителството и туризмот од Македонија и Црна Гора.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија