-->
-->
Македонија е горда: Антониа и Мартија во суперфиналето на „Пинкови ѕвездички“
-->
Синоќа се одржа последната финална вечер на ТВ талент шоуто „Пинкови ѕвездички“. Во него и овојпат блеснаа двете македонски претставнички, Мартија Станојковиќ и Антониа Гиговска.
За победникот одлучуваа единствено гласовите на публиката кои тие ги даваат преку смс пораки.
Жирито како и секогаш немаше зборови за интерпретациите, кои велат се вон конкуренција и пред финалето тие ги прогласија веќе за победнички нашите Антониа и Мартија.
Се потврди дека Македонија има несекојдневни и најдобри пеачи, отворено го кажаа од жирито, а и овациите и гласовите на публиката го потврдија истото.
Антониа се престави со песна на Џенифер Хадсон.
За двете пеачки жирито нагласи дека се вонсериски, нивното пеење било како на оскаровска вечер, и со своите настапи го подигнале нивото на настанот.
Суперфиналето кое требаше да се одржи на 3 јули, е презакажано за 4 јули, кога официјално ќе се дознае вториот победник на спектакуларното регионално натпреварување во пеење за деца.
Линиите за гласање ќе бидат постојано отворени до суперфиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата