Македонија е безбедна дестинација за странските туристи

Македонија и Бугарија треба да ја разгледаат можноста за создавање заеднички туристички пакети кои ќе им бидат понудени на туристите од земјите на Блискиот Исток, Северна Африка и Азија, вели директорот на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски во интервју за бугарскиoт информативен интернет сајт „Дневник.бг“.
Според него, бугарскиот тур-оператори веќе покажале интерес за оваа идеја што би била корисна за целиот регион, кој може да се претстави како една дестинација.
Бугарија како туристички пазар, вели Џамбазовски, е голем потенцијал за македонскиот туризам. Бугарските граѓани се меѓу петте најбројни странски туристи во Македонија, по Турците, Грците, Србите и Холанѓаните. Бројот на бугарски туристи лани се зголемил за 27 отсто, а најчеста нивна дестинација е Охрид, но се повеќе имаат интерес и за Скопје, Крушево, Дојран, Преспа, Галичица и Пелистер.
Македонија, нагласува директорот на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот, и покрај актуелната политичка криза и неодамнешните случувања во Куманово кои беа изолиран инцидент, е сигурна земја за странските туристи.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
