Македонецот Христо Ковачи на Central European Zone Rotax Challenge во Австрија
Меѓу 30-те учесници од 16 земји, на „Central European Zone Rotax Challenge“ во Австрија ќе се натпреварува и Македонецот Христо Ковачи.
За него, како што вели, оваа картинг трка е нов и сериозен предизвик.
-Имав успешна година зад себе, иако е пандемија, сепак мене ми е вистински предизвик да се натпреварувам. Време е да се вратиме на патеките и да си ги одмериме силите, нагласува Ковачи.
„Ковачи рејсинг тим“ ја заврши успешно 2019 година со најмладиот натпреварувач од Македонија во картинг, Христо, кој е вицешампион во земјава и трето место на генералниот пласман при Бугарскиот шампионат, како и второ место предфинално на балканскиот куп во Бугарија.
-Самиот обем на учесници и борбата во еден шампионат на ниво на Централна Европска Зона во која учествуваат 16 земји кажува многу. Патеката, за жал, поради далечината, немаше шанса да ја тренира и ќе има само еден ден тренинг пред самите квалификации, а веќе наредниот ден се трите трки на кои ќе учествува. Христо ќе даде се од себе да напредува и да постигне што подобар резултат. јас сум среќен што и самото учество на овој шампионат ќе ги подобри неговите возачки способности, истакнува Аргир Ковачи, таткото на Христо.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка