Македонец и двајца Срби мачени, убиени и спакувани во црни кеси во Боливија

Во мафијашка егзекуција во Боливија убиени се Македонецот Дејанчо Л. и дваца Срби од Ниш. Шокантно тројно убиство ја потресе јавноста во регионот, откако во Боливија беа пронајдени телата на еден македонски и двајца српски државјани, спакувани во црни пластични ќеси. Според неофицијалните информации што ги пренесува белградска „Политика“, сите тројца биле брутално мачени пред да бидат ликвидирани.
Телата се испратени на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта, а официјална идентификација сè уште нема. Сепак, медиумите јавуваат дека убиениот Македонец е Дејанчо Л., додека еден од Србите е Миљан Ќ., познат под прекарот Итри, од Ниш – наводен предводник на меѓународна организирана криминална група која транспортирала големи количини кокаин од Јужна Америка во Западна Европа.
Како што наведуваат извори, Миљан Ќ. бил ликвидиран пред два дена, најверојатно на територијата на Боливија. И третиот убиен, исто така од Ниш, се движел низ Јужна Америка со лажни идентификациски документи. Истражните органи во Боливија, со поддршка на меѓународните полициски служби, работат на расветлување на случајот, кој според првичните информации е поврзан со меѓународни нарко-картели и криминални пресметки.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
