Мајкл Мур: Трамп е последниот претседател

Американскиот режисер Мајкл Мур објави трилер за неговиот нов документарен филм под наслов „Фаренхајт 11/9“ во кој тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да биде доживотен претседател на САД и дека тој е веројатно последниот лидер на најсилната земја во светот.
Филмот е направен како продолжение на неговиот филм „Фаренхајт 09/11“ од 2004 година што се занимава со настаните пред 11 септември 2011 година во која беше прикажана војната на тогашниот претседател на САД против тероризмот, јави Индипендент.
Во најновиот филм, Мур ги сврте броевите за да ја претстави датата на претседателските избори на 9.11 2016 година, што се смета за катастрофа на сличен терористички напад кој го промени светот.
За него Трамп е гениј кој нема намера да ја напушти Белата куќа.
Премиерата на филмот е најавена за 21 септември.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
