Мајката на исчезнатото момче организира протест: Оливер Спасовски да излезе пред народот и да даде одговори!

Во разговор за ,,Фокус” таа открива дека е разочарана од потрагата по нејзиниот син, која до сега не дала никакви резултати. Ги повикува граѓаните да и се приклучат бидејќи јавноста заслужувала одоговори од надлежните.
-Ги повикувам сите кои имаат некој близок кој исчезнал без трага и глас, ги повикувам сите граѓани кои живеат во страв за својата безбедност, по сите овие зачестени исчезнувања на луѓе, да излезат на мирниот протест во Скопје. Јас не се откажувам од потрагата по мојот син, и минувам низ невидена агонија цели 73 дена. Нема никакви информации од МВР, дури и инспектори на кои им се јавував, ме блокираа на мобилните. Ќе се обратам пред присутните како мајка која е во очај по своето дете и не знае дали тоа е живо цели 73 дена. Не сум политичар и не знам да држам говори, но ќе зборам од срце, како родител. Го повикувам и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да се појави на протестот, да излезе пред граѓаните и да ни даде одговори. Луѓето живеат во страв, заслужуваат одговори, мора да се знае вистината. Се надевам дека ќе ни се обрати. Мачиња се губат, па побргу се наоѓаат – тврди Трпковска во изјавата за Фокус.
Ново на Сител
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
