Мајка храброст: Со синчето во раце скокна од 3.кат
Американката од Масачусетс Кристина Симос и нејзиниот 18-месечен син останале заробени во станот кога избил пожар во станбениот блок каде живееле. Излез од зградата немало, па Кристина го грабнала детето во прегратки и скокнала од висина од околу 10 метри. Падот на детето го ублажила со своето тело.
-Се што знаев е дека ќе умреме, ако не излеземе од станот, рекла Кристина. Скокот од третиот кат резултирал со повеќекратни скршеници, вклучувајќи и сериозно оштетување на рбетот. Тоа бил скок кој можела да го плати со живот, и свој и на детето.
-Штом се доближив до прозорецот знаев дека мора да го направам тоа. Мојот живот не е ништо спрема неговиот. Мојот син ми е на прво место, рече Кристина која од тешките повреди се опоравува во болница.
Кога удрила на земја, немало крај на нејзините маки. Поради нагмечениот рбет, била парализирана па на детето му рекла да бега што подалеку од зградата од која паѓале парчиња градежен материјал.
Ползела по земја, за да се тргне од зградата во пламен. Кога стигнала во болница, оперирана е веднаш, а зафатот траел неколку часови. Се уште не може да оди, но почнала да ги мрда прстите.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети