Мајк Пенс би можел да стане привремен претседател на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп би можел привремено да му ја предаде власта на неговиот потпретседател, Мајк Пенс, ако се покаже дека не е способен да ја врши должноста поради одредена медицинска постапка или лекување и закрепнување од коронавирусот, објави Ројтерс.
Истото пред него го имаат направено претседателоте Роналд Реган и Џорџ В.Буш.
Претседателот Трамп денеска објави дека е позитивен на Ковид-19 и дека оди во карантин за веднаш да го започне процесот на опоравување.
Според став 3 од 25-тиот амандман на Уставот на САД усвоен во 1967 година по убиството на претседателот Џон Кенеди во 1963 година, Трамп може писмено да изјави дека не е во состојба да ги исполнува своите обврски.
Иако Трамп ќе остане на функцијата, потпретседателот Мајк Пенс ќе стане вршител на должноста претседател. Претседателот би ги вратил сите свои овластувања откако писмено изјавил дека е способен повторно да ги извршува.
Четвртиот став од 25-тиот амандман нуди можност за лишување на претседателот од сите овластувања доколку, на пример, неговиот кабинет смета дека станал неспособен за извршување претседателски должности, но тој никогаш не бил активиран досега.
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош