Маја има 18 години и ја изнајмуваат на час: „Еден човек ми плати само за…“

Маја има 18 години и не крие дека е спонзоруша. Овој тренд зема толку голем замав што постојат сајтови кои потсеќаат н социјални мрежи. А студентки од развиените земји „се борат“ за овој профитабилен, но и ужасен вид лесна заработка.
– Во овој момент сум во бесна кола, типот ме вози дома, тука ме чека мајка ми која го одобрува мојот стил на живот, вели Маја која има само 18 години, пишува Дејли Мејл.
Тое е еден ден во животот на Маја, таа прима подароци, пари и услуги од постари мажи кои ја искористуваат.
– Ако ми фалат пари за сметка за телефон, само влегувам на сајтот и околу 100 типови сакаат да ми ја платат сметката. Некои кои сакаат да ме видат ми плаќаат авионски карти. Пред некој ден седнав во ресторан и го нарачав најскапото јадење од менито, не ни знаев што е. Секако, тие ги покриваат трошоците, а притоа ми плаќаат и пари затоа што сум со нив. Еден лик ми плати само за да седи покрај мене на плажа, рекла Маја за Дејли Мејл во Австралија.
Вели дека има секакви спонзори, но секогаш се богати. Некои се оженети, некои не, но никогаш не влегува во врска и секогаш е целосно трезна.
Во Австралија има 82.670 отворени и регистрирани спонзоруши на разни сајтови за овие услуги.
Секако, ова има своја цена.
– Се сретнав со сомнителен тип кој сакаше да ми плати карта за Мелбурн под услов да имам секс со него. Го одбив. И покрај што не спијам со никого за пари, осудата која ја трпам е неверојатно болна. Ме осудуваат дури и пријателите, тоа е многу тешко, вели девојката.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
