Маглата го попречува патниот сообраќај, железничкиот и авиосообраќајот без проблеми

Густата магла во скопската котлина засега не го попречува патниот, железничкиот и авиосообраќајот.
Од изутрина се реализирани предвидените полетувања и слетувања од скопскиот аеродром „Александар Велики“, со исклучок на утринскиот лет на „Туркиш ерлајнс“, кој како и вчера е откажан поради лоши временски услови, покажува веб страницата на аеродромот во Скопје.
Според информации од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), поради маглата видливоста на автопатот Скопје-Катланово е намалена на 50 до 100 метри. Градскиот и приградскиот сообраќај во главниот град, како и меѓуградскиот превоз, засега се одвиваат непречно со вообичаено доцнење за овој период од годината.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини со појава на магла, а особено густа магла ќе има во скпоската котлина.
Ново на Сител
-

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека сите патишта се проодни
-

Мицкоски во Давос ги презентира можностите за инвестирање во Македонија
-

Продолжува трендот на одлевање на учениците од штипските училишта
-

Штетата од шумските пожари во 2025-та проценета на околу 50 милиони евра
-

Николоски: Автопатот ќе го завршиме без разлика на сè
-

Преглед на вестите од светот
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
