Македонија
30. December 2015 - 12:49

Магла на патот Дебар-Маврово

Поради магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри на патниот правец Дебар-Маврово, информира Автомото сојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на осојничавите места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.  

Од 15-ти минатиот месец во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март следната година.