МААЕ: Северна Кореја постигна брз напредок во изработката на оружје
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукијо Амано изјави во Сеул дека шестиот нуклеарен тест на Северна Кореја, спроведен на 3. септември, покажува дека изолираната земја постигнала брз напредок во изработката на оружје.
- Овој тест беше многу помоќен од претходниот, а тоа покажува дека Северна Кореја постигнала многу брз напредок, истакна Амано по средбата со јужнокорејската министерка за надворешни работи Канг Кјунг-хва.
Тој додаде дека во комбинација со други елементи, ова претставува нова закана.
Според него, МААЕ не е во состојба да утврди дали Пјонгјанг тестирал хидрогенска бомба.
- Најважно во моментот е меѓународната заедница да се обедини, истакна Амано.
Јужна Кореја во вторникот посочи дека Северна Кореја може да преземе дополнителни провокации со приближувањето на годишнината од основањето на севернокорејската Комунистичка партија и Конгресот на Комунистичката партија на Кина.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Девет години од настаните од „Диво Насеље“
-
Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова
-
Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски
-
Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите