-->
-->
МААЕ информира за силни експлозии близу Запорожје АЕЦ
-->
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) информира за силни експлозии во близина на Запорожје АЕЦ.
Оваа информација се совпаѓа со извештаите за напад со дрон врз тренинг центарот поврзан со украинската атомска централа, која е под контрола на Русија од март 2022 година – веднаш по почетокот на војната.
– Нема жртви ниту оштетувања на Запорожје АЕЦ, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси.
Тој прецизира дека тренинг центарот се наоѓа надвор од периметарот на најголемата атомска централа во Европа.
Во регионот на Запорожје АЕЦ често има гранатирања, за кои двете страни во конфликтот си ја префрлаат вината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето