Лукаревска: Компаниите немаат никаква можност да не ја исплатат државната помош
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска вечерва посочи дека компаниите немаат никаква можност да не ја исплатат државната помош за исплата на минимална плата, како поддршка за полесно справување со последиците предизвикани од коронавирусот.
Таа во гостувањето на ТВ21 рече дека секој месец има компании кои ги злоупотребуваат финансиските средства од Владата, и покрај апелите што ги посочуваат.
Додаде дека доколку не се исполнети критериумите од ова земање на државната помош ќе се спроведуваат соодветни дејствија на присилна наплата.
-Во самата уредба, а сега и во Законот точно е наведено во кои услови, ако не се исполнети критериумите од ова земање на државната помош ќе се спроведуваат соодветни дејствија на присилна наплата, а исто така ќе треба да се прави и соодветно враќање на средствата. Постојано апелираме да нема злоупотреба, меѓутоа секој месец гледаме дека сепак има одредени компании кои сакаат да направат злоупотреба, рече директорката.
Лукаревска појасни дека Управата за јавни приходи, под лупа го има работењето на фирмите за кои постои сомневање дека во изминатите години не исплатиле минимална плата или барале одредена сума да им биде вратена од страна на работниците.
Како што посочи, се испитува работењето на овие фирми и во однос на нивната даночна дисциплина.
Ново на Сител
-

Облачно со повремен дожд, на планините слаб снег
-

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје
-
Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
