-->
-->
Луѓето ќе заборават кои се: До 2050 година 130 милиони болни од деменција
-->
До 2050 година повеќе од 130 милиони луѓе во светот ќе живеат со деменција. Еден од секои три случаи може да биде спречен ако луѓето во голема мерка се грижат за здравјето на мозокот, се вели во истражување објавено во медицинското списание Лансет.
Меѓу клучните фактори за ризик од појава на деменција се недостиг од образование, губење на слухот, пушење и физичка неактивност, наведено е во истражувањето.
Проценките се дека 47 милиони луѓе во светот имаат деменција. Истражувањето е претставено на конференција на меѓународното здружение Алцхајмер во Лондон.
Истражувањето е направено од 24 светски експерти кои наведуваат дека начинот на живот на човекот може да има голема улога во зголемување или намалување на ризик од појава на деменција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости