-->
-->
ЛШ: Вардар во друштво со Барса, ПСЖ и Веспрем
-->
Актуелниот европски шампион Вардар повторно доби потврда за своите квалитети и се најде во друштво со Пари Сен-Жермен, Веспрем и Барселона во првиот шешир за ждрепката за Лигата на шампиони на ЕХФ во 2020/21, која ќе се оддржи во среда на 1 јули.
Од следната сезона, европското елитно натпреварување ќе биде во сменет формат, со само 16 тимови поделени во две групи со осум. Од четирите шешири ќе се изберат по два тима во групата А и групата Б, а ќе се почитува и „заштитата“ за земјите учеснички, односно Франција, Унгарија и Германија нема да можат да играат во група со тимови од својата земја.
Кил, Кјелце, Алборг и Порто ќе бидат во вториот шешир, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Нант и Пик-Сегед ќе бидат во третиот, додека Целје, ППД Загреб, Елверум и Флензбург се во четвртиот шешир.
Првопласираните два тима влегуваат директно во четврт-финалето, додека од третото до шестото место ќе играат во осминафиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ