-->
-->
ЛШ: Металург гостува кај Кадетен
-->

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите Металург вечерва од 20 часот го игра натпреварот од 8.коло во групата Д. Металург е во серија од четири минимални порази, од кои два на домашен терен и само со теоретски шанси за пласман во следната фаза.
Тимот од Автокоманда гостува во Швајцарија кај Кадетен Шафхаузен, екипа која во првиот дел од групата во Скопје загуби со 28:24.
По тој дуел шавјацарскиот тим од можните десет освои седум бодови (толку има и сега) и има шанси за пласман на едно од првите две места.
Избраниците на тренерот Лино Червар, во секој случај ќе се обидат да освојат бод повеќе и со повеќе позитивни резултати да го завршат натпреварувањето во групата.
Во групата Д во сабота играат Мотор - Баја Маре, а во недела е закажан дуелот Скјерн - Елверум.
Табела: Мотор 10 бодови, Скјерн 9, Баја Маре 9, Кадетен Шафхаузен 7, Металург 4, Елверум 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
-

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
-

Зеленски: Путин веќе ја започна Третата светска војна
-

Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили
-

Без струја денеска делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел
-

Сончево време со умерена облачност
