-->
-->
ЛШ: Кил го победи европскиот првак Барселона, шест гола на Лазаров
-->

Ракометарите на Кил постигнаа победа во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите над европскиот првак Барселона со 29:24. Бундеслигашот го искористи домашниот терен, а предноста ја оствари во финишот на првиот дел кога на полувремето се избори за резултат од 16:12. Во вториот дел Барселона успеа да се доближи резултатски, но и Кил имаше водство од шест разлика (27:21).
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна шест голови од 12 обиди, а во вториот дел имаше и неколку одлични асистенции.
Најефикасен на дуелот беше Доминик Клајн со 9 голови, додека голманот на Кил Ландин имаше 13 одбрани.
Резултати на 1/4 финалните дуели:
Кил - Барселона 29:24,
Вардар - Веспрем 26:29,
Флензбург - Киелце 28:28,
Загреб - ПСЖ 20:28.
Реванш натпреварите се играат:
Киелце - Флензбург (среда),
Барселона - Кил (сабота)
Веспрем - Вардар (сабота 17:30 часот)
ПСЖ - Загреб (недела).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
