-->
-->
ЛШ: Црвено-црните поразени во Сегедин
-->
Македонскиот ракометен првак Вардар е поразен на гостувањето во Унгарија од домашната екипа Пик Сегед со 34-21 во рамките на 7.коло од Лигата на шампионите.
Иако правеа многу грешки особено во второто полувреме вардаровите ракометари беа многу блиску до подобар резултат но не ги искористија своите шанси иако двапати израмнија и му дозволија на противникот лесно да казнува.
Тимур Дибиров постигна 7 погодоци и влезе во историјата на ЛШ со 1000 постигнати голови.
Одличен на голот на Вардар беше голманот Томовски со 13 одбрани. Убедливо најдобар стрелец е Кире Лазаров со 1462 гола, втор е Никола Карабатиќ, над 1.000 има и Момир Илиќ, а четврти на кој му успеало да ја помине таа граница е вардаровото крило, Тимур Дибиров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена