-->
-->
Лондон: Автомобил удри во пешаци, две лица се во критична состојба
-->
Автомобил удри во група пешаци во Лондон околу три часот утрово, по што пет лица се повредени, меѓу кои две се наоѓаат во критична состојба.
Инцидентот се случи во улицата Стоквел роуд, а полицијата соопшти дека случајот не го третира како тероризам.
- Полицијата е повикана на самото место во три часот по полноќ, со цел да го испита влетувањето на автомобилот меѓу пешаци во улицата Стоквел роуд, во близина на крстосницата со улицата Сидни. Ова не се третира како терористички напад. Полиција и амбулантни возила се наоѓаат на местото на несреќата. Пет лица се повредени, а две се во критична здравствена состојба, истакна портпарол на лондонската полиција.
Улицата Стоквел роуд е блокирана, а во тек е истрага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес