-->
-->
Локализиран пожарот во делчевско, изгоре борова шума
-->
Локализиран e пожарот кој гореше од вчера доцна попладнето на месноста Браниград во атарот на делчевското село Стар Истевник. Според информациите од ТППЕ Делчево, пожарот зафатил површина од 40 хектари со борова шума, а оштетени се и 10-ина пчелни семејства.
- Според она што го видовме на теренот, пожарот започнал да се шири од местото каде с елоцирани десетина сандаци со почели, па со голема брзина поради сувата треба и ветерот се прошилрил нагоре на околу 2 км. Во моментов тој е локализиран и ние сме тука и го контролираме, изјави денеска Лоренцо Трајановски, пожарникар од ТППЕ Делчево.
Влатко Ристов, инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување во Делчево, истакна дека причините кои довеле до појава на пожарот ќе се потврдат по увидот кој ќе следува откако пожарот ќе се смири.
- Во овој момент ние вршиме контрола на теренот. Инаку, јас би апелирал до граѓаните да внимаваат кога се движат по шумите, кога палат стрништа или работат кај пчелите, бидејќи овој период е најоспасен за шумски пожари, периодот е сушен, тревата е сува, така што лесно може да се предизвика пожар кој ако стгне до шумата тепко потоа с еконтролира поради неспристпниот терен, рече Ристов.
Пожарот го гаснеа 50-ина луѓе, пожарникари од Делчево, вработени во шумското претпријатие од Делчево и Пехчево.
Инаку, освен овој пожар кај Стар Истевник, делчевските пожарникари овој викенд интервенирале и на уште три помали пожари во блиските шуми над Делчево, каде не е предизвикана поголема материјална штета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот