-->
-->
Локализиран пожарот кој од вчера беснее во близина на велешкото село Црквино
-->
Денеска е локализиран пожарот кај велешкото село Црквино кој од вчера преттпладне беснее на потегот кај село Црквино накај село Венуле, а со кој се зафатени повеќе хектари на нискостеблеста дабова шума и смреки.
Како што информираат од ТППЕ Велес за МИА, тие се уште се на терен и се борат со огнената стихија на овој пожар кој е локализиран, но, како што велат, планираат до вечер целосно да го изгаснат.
Воедно ТППЕ Велес гаси и нов пожар кој денеска избувна кај велешкиот затвор во близина на поранешна Порцеланка, кон реката Бабуна.
Инаку ТППЕ Велес вчера интервенирала уште на три помали пожари во кои гореле стрништа кои со брза интервенција биле изгаснати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Даниела Димовска избрана за в.д претседател на Кривичен суд
-
Полицијата се уште трага по возачот што го прегази Југо на пешачка патека
-
Партиите ги засилуваат теренските активности пред локалните избори
-
Повеќе здравствено осигурени отколку попишано население во државата
-
Нова инвестиција од 30 милиони во автомобилската индустрија
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд