-->
-->
Локализиран пожарот кај велешко Џидимирци, нов пожар во атарот на село Попадија
-->

Пожарот кај велешкото село Џидимирци во кој три дена гореше нискостеблеста дабова шума, околу 15:30 часот е ставен под контрола, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи во Велес.
Влатко Добревски од РЦУК-Велес изјави дека со огнената стихија три дена се справувале вработените од Шумско стопанство „Бабуна“, а денеска на помош им дошле и неколку пожарникари со возила на Противпожарната единица од Велес. Поради можност пожарот повторно да се разгори, пожарникарите се уште се на терен.
Околу пладне во велешко избувна пожар во атарот на село Попадија во месноста викана Василеви гробишта каде гори нискостеблеста шума.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
