Литературно-музичка манифестација „Креативни точки 2018“

Млади прозаисти и поети ќе учествуваат на четвртата Литературно-музичка манифестација „Креативни точки 2018“, која ќе биде отворена вечер во 20 часот во „Менада“, во организација на Центарот за култура и културолошки студии.
Манифестацијата нуди можност преку заедничка креативна работа творците да ги споделат искуствата и да предложат дела со високи уметнички вредности, кои едновремено засегаат во секојдневното живеење на младата генерација.
- Искуството од претходните три изданија на манифестацијата говори дека таа придонесува за помасовна рецепција на литературното творештво и нуди интересна, интензивна, динамична и раздвижена културна програма, посочува Центарот за култура и културолошки студии.
На манифестацијата ќе биде промовиран и Зборникот „Креативни точки“ со дела од учесниците на претходните три манифестации. Издавач е „МИ-АН“ од Скопје, а ќе го промовираат писателите Ермис Лафазановски и Александар Прокопиев.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
