Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје
Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот во Скопје, на крстосница од ул.„Адем Демачи“ со ул.„Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје.
Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје И.С. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка.
Исто така, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Х.(52) од Република Турција, со живеалиште во Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 17.30 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ со ул.„Мирче Ацев“, со патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички удрил во Л.М.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога
-
Шведски тим од волонтери почна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот