-->
-->
Лишен од слобода криумчар на мигранти
-->
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица синоќа во 22.50 часот го лишиле од слобода Ф.Р.(20) од Турција поради тоа што околу 22 часот на локалниот пат Стојаково-Богданци при извршен преглед во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени девет лица-мигранти.
Како што информираат денеска од МВР, од мигрантите седум биле од Ирак и двајца од Сирија. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
