Лидерство и учество на лицата со попреченост во создавање на поинклузивен, попристапен и поодржлив пост-Ковид19 свет
Овогодинешната порака по повод Меѓународен Ден на Лицата со попреченост е „Лидерство и учество на лицата со попреченост во создавање на поинклузивен, попристапен и поодржлив пост-Ковид19 свет“.
За таа цел во 14 часот во фоајето на Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во организација на Порака Нова, Здружение на слепи лица Струга и Здружение на глуви и наглуви лица Струга, го овозможи настанот„Слушнете ги нашите приказни“, со цел да се слушнат и прочитаат личните и општествените борби на лицата со попреченост и нивните успешни животни приказни.
Моменталната светска популација е нешто повеќе од седум милјарди луѓе, од кои повеќе од една милјарда се луѓе кои живеат со некаков вид на попреченост. Во 1992 година Генералното Собрание на Обединетите Нации одлучи 3 Декември да се одбележува како со цел промоција и добросостојба на лицата со попреченост во сите сфери на општеството, а и со цел зголемување на свеста за состојбата на лицата со попреченост во секој аспект на социјалното, политичкото, економското и културното живеење.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
