Лидерите од Азиско-пацифичкиот регион по Анталија, се собраа во Манила
Лидерите на 21 држава од регионот на Азија и Пацификот, меѓу кои и се претседателите на САД и Кина, Барак Обама и Си Џинпинг, денеска пристигнаа во Манила, каде ќе се одржи Самитот на организацијата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), посветен на економските односи, технолошкиот развој и мерките за намалување на емисиите на штетни гасови.
На Самитот на АПЕК не допатуваа претседателот на Русија, Владимир Путин и на Индонезија, Јоко Видодо. Единаесет од учесниците на собирот на Манила, учествуваа и на Самитот на Г-20 што се одддржа во Анталија.
Самитот на АПЕК ќе го отвори филипинскиот претседател Бенињо Акино, кој денеска за медиумите изјави дека очекува усвојување на документи со кои ќе се забрза технолошкиот развој на малите и средни компании од овој регион, кои учествуваат со повеќе од една третина во вкупната светска размена.
Покрај економските договори, аналитичарите очекуваат и одделни средби на учесниците на кои ќе се разговара за мерките за сузбивање на тероризмот во светот и за актуелните проблеми поврзани со суверенитетот и територијалните барања на државите од овој регион во однос на Јужното Кинеско Море.
Во рамките на подготовките на Самитот, во Манила беа оддржани голем број договорни средби на економски и политички експерти, а завршната декларација вчера ја усогласуваа министрите за надворешни работи на државите-членки на АПЕК.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот