-->
-->
Либанскиот Парламент го усвои првиот Буџет на земјата од 2005 година
-->

Либанскиот Парламент доцна синоќа го усвои првиот Буџет на Либан во последниве 12 години, што се оценува како клучен чекор кон спроведување на неопходните економски реформи во земјата и спречување на неконтролираниот државен долг.
По атентатот врз поранешниот либански премиер Рафик Харири во 2005 година, на ниту една Влада на Либан не и успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот за донесување на Буџет на државата.
Новиот Буџет на Либан е усвоен по тридневна дебата со 61 глас „за“, четири „против“ и осуммина „воздржани“ пратеници.
Усвојувањето на државен Буџет беше еден од приоритетите на Владата на либанскиот премиер Саад Харири, која беше избрана во јануари годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
