Лежалка и чадор во вредност од 80 евра на грчките плажи
Високите температури несвојствени за месец мај викендов измамија голем број грчки државјани да излезат по двомесечниот карантин на плажите покрај морето.
Под посебни услови и протоколи Грците ги исполнија речиси сите организирани плажи, но имаше и такви кои останаа празни поради високите цени.
Така жителите од Атина, се гневни на цените кои биле побарани за користење на лежалките и чадорите покрај морето. Имало плажа на која за две лежалки и чадор требало да се плати дури 80 евра, па истата останал речиси празна.
Повисоките цена сопствениците на лежалките ги правдаат со наметнатите дополнителни правила и трошоци за организирање на редот за посетителите. Покрај намалениот број на гости, секој пат кога ќе се ослободат лежалките тие мора одново да се дезинфицираат, а персоналот мора да носи заштитна опрема и маски.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости