Левица: Со чесна понуда на програма и кандидати подготвени да работат во интерес на граѓаните на Тетово
Левица како политичка партија на претстојните локални избори за Совет на Општина Тетово со своја кандидатска листа ќе ја бара довербата од граѓаните, порачаа од партијата на прес-конференција. Од партијата истакнаа дека кандидатите што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните на Тетово ќе понудат чесна програма.
-Како советници нашата заедничка борба ќе биде насочена кон: чесна и некорумпирана работа, градење на систем на база на квалитет и стручност заснован против окупирање на институциите по основ на партиска, политичка, расна, национална или било каква друга определба. Сите заедно ќе работиме за спречување на штетните политики, транспарентно и отчетно работење на локалната самоуправа, увид во трошењето на народните пари, лесен пристап до информациите кои се од јавен карактер. Ќе се фокусираме да работиме на политики за заштита на животната средина и одржлив раст и развој на Тетово и околината, истакна Боби Илиевски, носител на листата на Левица.
Урбаното и квалитетно живеење не значи пренаселување и масовна бетонизација како и узурпирање на јавниот и зелен простор на Тетово, се меѓу главните заложби на Левица, порача Оливера Богојеска, кандидатка за советник.
-Ќе поддржиме разумен урбанизам и стопирање на узурпирањето на јавните површини и просторот од урбаната мафија. Афирмација на руралниот дел и населените места во градот како и уредување на просторот на Тетово за урбано и здраво живеење. Ова лудило во нашата општина мора да го запреме и да почнеме да градиме општина која ќе биде гордост и инспирација на сите нас, истакна Богојеска.
Кандидатот за советник Костадин Томоски рече дека ќе работат и за спречување на штетните политики.
-Транспаретно и одговорно работење на локалната самоуправа, увид во трошење на народните пари, лесен пристап до информации кои се од јавен карактер. Ќе се фокусираме да работиме на политики за заштита на животната средина и одржлив раст и развој на Тетово и околината. Ќе се залагаме за социјална грижа во која сите поединци во општеството ќе имаат еднакви права и слобода, рече Томоски.
Срѓан Глигориевски во името на помладите кандидати за советници истакна дека сакаат како Левица, Тетово да биде град од кој никој не сака да бега, туку да биде град во кој секој млад човек ќе ја гледа својата иднина.
На вонредните избори за Совет на Општина Тетово на 20-ти август, Левица ќе биде на избирачкото листе под бројот 13.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите