Левица: СДС и ДУИ со европско знаменце изгласаа ропство
Вчера, на шверцерски начин, Сообранието ги изгласа предложените капиталистички измени на Законот зa работни односи. Со изгласаните измени, работниците ќе можат по барање на контроверзниот конзорциумот „Бехтел и Енка“ да работат и по 12 часа дневно, иако досега имаше ограничување на максимални 190 часа прекувремено во текот на една година.
За да ја заобиколат активната блокада на пратениците на Левица, кои со над 1.000 амандмани го блокираа овој штетен закон, слугите на олигархијата, владата предводена од СДС и ДУИ овој закон го шверцуваа по скратена постапка со т.н европско знаменце - покрај реакциите на загриженост и опасност за корупција од страна на Европската Унија.
Со изгласаните измени се брише ограничувањето на максималниот број на прекувремена работа под плаштот на стратешки интерес. Изгласаните измени кои би требало да важат за работниците постои опасност да се пренесат и во други области. Со овие измени, СДС и ДУИ македонскиот работник го сведуваат на модерен роб, а земјава ја враќаат во средновековието, наспроти тенденциите во европските земји за скратена работната недела.
Левица беше единствената опозициона партија која со филибастеринг активно го блокираше овој штетен анти-работнички закон. Потсетуваме дека истата криминогена коалиција претходно експресно го одби предлогот на Левица за намалување на договорите за определено време, со цел заштита на работникот.
Се потврдува дека оваа анти-народна и квинслишка власт единствено одработува за туѓи интереси, на штета на сите национални и социјални придобивки кои македонскиот народ низ макотрпна борба ги стекнал.
ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар
-
Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство
-
Русија казнила 20.000 војници кои одбиле да се борат во Украина
-
Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот