Левица поднесе претставка до Инспекциски совет за непостапување на Државниот инспекторат за труд
![]()
Државниот инспекторат за труд незаконски одби да изврши надзор во неколку Основни и Апелациони судови, за кои Левица поднесе Иницијативи за вонреден инспекциски надзор поради сомневање за незаконитости при спроведување на постапки за унапредување.
Освен до Државниот инспекторат за труд, беше поднесена Иницијатива и до Државниот управен инспекторат – во чиј одговор беше наведено дека единствен надлежен орган е токму Државниот инспекторат за труд.
Бидејќи член 71 од Законот за инспекциски надзор јасно предвидува дека секое физичко или правно лице може да поднесе барање за инспекциски надзор, Левица поднесе Претставка до Инспекцискиот совет заради непостапување на Државниот инспекторат за труд.
Избегнувањето да се изврши надзор само дополнително ги зацврстува сомнежите за нерегуларности и партизираност во судството, кое очигледно е дека само продолжена рака на режимот за амнестирање на криминалите на секоја гарнитура на власт.
Левица
Ново на Сител
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
