Левица: На цело неработење на Собранието пратеничка на СДСМ за 5 месеци наплатила 3.000 евра патни трошоци
Во топ 10 пратеници со најмногу наплатени трошоци - Драгица Ѓавочанова, за 5 месеци добила 3018 евра, реагираат од почитичката партија Левица.
„Очигледно дека животот дојде само за функционерите на СДСМ. А со оглед на неработењето на собранието во овој временски период, прашање е како успеа пратеничката да потроши 3000 литри гориво за десет појавувања во собранието! Имено, пратеничката Драгица Ѓавочанова за 5 месеци си наплатила 185.607,00 денари, или 3018 евра за патни трошоци за патниот правец Богданци – Скопје.
Прашање е дали пратеничката патуваше со авионски, или бродски превоз, ако не, бараме јавно да ни обзнани каде и како потроши 185.607,00 денари за одење на работа покрај својата пратеничка плата!
Левица како партија на народот предлага трошоците за превоз на пратениците да бидат сведени на минимум т.е. на цена на повратен автобуски билет!“, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Пикот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели, изјави Алиу
-

Министерот Борко Ристовски со порака за ракометарите – Играјте со срце за Македонија!
-

Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво
-

Гренландскиот премиер остро реагира на заканите на Трамп дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд
-

Тошковски: Можно е заострување на казнената политика за пиротехнички средства
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-

ДИК усвои финансиски план од 153,2 милиони денари и ги заокружи подготовките за локалните избори
-

Алиу - Тошковски: Граѓаните да не користат пиротехнички средства, тие не се играчка, последиците се сериозни
